Ќе се реконструира одводниот канал на ул. „Антон Велковски“

77

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски најави дека наскоро ќе започне реализиација на проектот за целосна реконструкција на одводниот канал за атмосферски води на улива „Антон Велковски“ во Стајковци.

Тој информираше дека со реализацијата на проектот ќе се направи регулација на атмосферските води, а внатрешноста на каналот ќе се изгради од армиран бетон.

Вредноста на проектот  е 10.100.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба.

-Постапката за избор на економски оператор кој ќе ги изведува градежните работи е во завршна фаза и за кратко од денес ќе започнат градежните активности за реализација на проектот – истакна Стефковски.

Реализацијата на овој проект доаѓа како барање од жителите на населеното место Стајковци.

-Проектирањето на ефективен систем за одведување на насобраната вода е од клучно значење за избегнување поплави по интензивните дождови и токму во таа насока како локална самоуправа делуваме – велат од Општина Гази Баба.