Њујорк под вода:Поради денешното силно невреме, гувернерката прогласи вонредна состојба/видео

742
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Силно невреме го погоди денеска градското подрачје на Њујорк, затворајќи делови од метрото, поплавувајќи ги улиците и ги одложија летовите на еден терминал на аеродромот Ла Гвардија.

Градоначалникот Ерик Адамс ги повика луѓето да останат дома ако е можно.

„Не е готово и не сакам овие прекини на врнежите да остават впечаток дека е готово“, рече Адамс на брифинг со новинарите.

Прогласена е вонредна состојба, а засега нема пријавено загинати или тешки повредени граѓани, соопштија градските власти.

За ситуацијата зборуваше и гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.

„Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон“, рече таа и ги повика луѓето да останат безбедни.

Њујорчани се обидуваа да ја заобиколат водата во петокот. Сообраќајот е блокиран на делот долж источната страна на Менхетен.

Некои возачи ги оставија возилата, а на улица во Бруклин работниците беа во вода до колена додека се обидуваа да го одзатнат одводот.