Парламентот во Јужна Кореја денеска гласаше за импичмент на претседателот на Јужна Кореја Џун Сук Јеол, а тој предлог го поддржаа 204 пратеници.
Тоа значи дека Џун веднаш ќе биде суспендиран од функцијата, а премиерот ќе стане вршител на должноста, пренесува Јонхап.
Првата иницијатива за импичмент против Џун Сук Јеол, за прогласување воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум, при што речиси сите пратеници од владејачката Партија на народна моќ (ППП) го бојкотираа гласањето.
За усвојување на предлогот беше потребно двотретинско мнозинство, за што е потребна поддршка од најмалку осум пратеници од ЈПП.
Ројтерс пишува дека иако е суспендиран, Џун ќе остане на функцијата додека Уставниот суд не го смени.
Кога ќе има промена, ќе се распише втор круг избори.
Џун е вториот конзервативен претседател по ред кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун Хи беше отстранета од својата позиција во 2017 година.