ЈП ПОЦ ВОВЕДЕ ИЗМЕНА: На резидентните паркиралишта место само за станарите

101

ЈП “Паркинзи на Општина Центар” воведе промени во начинот на користење на резидентните паркиралишта со коишто стопанисува. Со измените им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за сопствени потреби.

– Со овие промени ќе се воведе ред во паркирањето на резидентните паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието со цел ослободување на тротоарите, пешачките зони и јавните површини од непрописно паркирани возила. Во наредните два месеци контролорите на ЈП ПОЦ ќе ги опоменуваат сите возила коишто ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште или резидентна улица, а не се корисници-резиденти на секторот во коишто се паркирани. Од 10 април 2019 година корисниците коишто ќе постапуваат спротивно новите насоки ќе бидат санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“ или отстранети со специјално возило „Пајак“ – информираат од ЈП ПОЦ.