Македонската јавна администрација во петок ќе работи само 4 часа. Тоа значи дека ако работното време им почнува во 8 часот наутро, дома ќе можат да си заминат уште во 12. Вакви измени предвидува новиот закон за административни службеници кои сега е во нацрт верзија и веќе е објавен на ЕНЕР, пишува Фактор.
Наместо 40, полното работно време на административните службеници ќе биде 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.
-За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.
Во моментов во приватниот сектор во повеќето фирми се работи по повеќе од 40 часа неделно, вклучувајќи саботи и недели.