Ѕвездите кои присуствувале на „белите забави“ на Диди, веројатно ќе треба да си повикаат адвокат

1768
Познатите личности кои присуствувале на забавите на Шон „Пи Диди“ Комбс би требало да размисат за тоа да повикаат адвокат, дури и ако присуствувале на некоја од неговите „нормални“ забави, пренесува Бизнис инсајдер.
Неколку адвокати од областа на шоубизнискот изјавија дека сите познати личности кои можеби биле вмешани во наводните секс-забави на раперот, полни со накротици, под називот „фрикофс“, во текот на кои како што тврдат обвинителите, Диди користел сила, закани со сила и принуда“, да ги натера жените жртви да имаат односи со машки проститутки, треба посебно да бидат загрижени и веднаш да се обратат на адвокат.
Екстравагантните, ѕвездени „бели забави“, кои Диди ги организирал во доцините 90-ти години на 20 век и во раните 2000-тио, не се споменати во сојузното обвинение.
„Веројатноста истакнати личности за кои е познато дека присуствувале на овие забави да бидат контактирани од страна на персоналот за спроведување на законот е многу голема“, изјави Вејн Денисон, партнер во фирмата „Браун Рудник“ која беше дел од тимот кој успешно го застапуваше Џони Деп во неговата тужба за клевета против Амбер Херд.

Нема „ништо да ги чини“ славните личности кои присуствувале на елегантните забави на Комбс да имаат правна помош во случај властите да ги повикаат да дадат изјава, додаде тој.

Од друга страна, Нијама Рамани, претседател и коосновач на Вест кост трајас лојерс, изјави:

„Да сум славна личност која присуствувала на една од „фрикофс“ забавите на Диди би се тресел од страв“.

И додаде појаснувајќи: „Во најдобар случај, тие се сведоци во случај кој сигурно ќе оди на суд. Во најлош случај, и тие ќе бидат обвинети“.

Педесет и четиригодишниот рапер и бизнисмен беше обвинет од големата порота на Менхетн минатиот месец по сојузните обивинувања за сексаулана трговија и рекетирање.

Комбс кој останува во затворот во Бруклин, остро ги негираше обвинувањата и се изјасни дека не е виновен.

„Поротниците имаат тенденција да гледаат на познатите како на веродостојни сведоци“.