Ѓубрето во Македонска Каменица ќе се собира секој ден рано наутро

135

Во насока на подобрување на јавната чистота во градот, Јавното комунално претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица со официјалниот почеток на летото одржувањето на личната хигиена во градот ќе го врши во раните утрински часови.

Во известувањето до граѓаните од ЈКП „Камена Река“ со апел до граѓаните да избегнуваат фрлање на ѓубре и отпад во и околу веќе полни контејнери.

– Чистењето на контејнерите за ѓубре со почетокот на летото, нашето претпријатие ќе го врши во раните утрински часови. Сметаме дека со воведувањето на оваа пракса, заедно со граѓаните дополнително ќе придонесеме за избегнување на несакана смрдеа и создавање на можности за ширење на заразни болести од контејнерите за ѓубре во градската средина – велат од „Камена Река“.

Од претпријатието упатуваат апел до граѓаните, согласно со изменетиот режим отпадот од своите домови да го фрлаат во раните утрински часови, најдоцна до 7 часот или во попладневните часови по 17:30 часот. Покрај ова, меѓу позначајните активности на кои ќе се фокусираат во текот на летниот период од претпријатието го наведоа одржувањето и наводнувањето на парковските површини во градот.