epa10408119 Rafael Nadal of Spain in action during his Men's Singles 1st Round match against Jack Draper of Britain during the 2023 Australian Open tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 16 January 2023. EPA-EFE/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не ги исполнува основните услови за настап на Олимписките игри во Париз во 2024 година, но се чини дека, сепак, ќе може да се натпреварува без никакви тешкотии. Ќе му прогледаат низ прсти, иако во последните две години беше обврзан барем еднаш да игра во Дејвис куп-тимот, што не го направи поради повреда.

Има исклучоци од правилата за пласман на Олимпијадата, а еден од нив може да биде пресуден. Грубо кажано, слободна оцена е дека тенисерите што „се истакнале во минатото во Дејвис купот или на Олимписките игри“, можат да настапат, иако не го исполнуваат основниот услов за кој се зборуваше. Јасно е дека ни најголемите критичари не може да му го оспорат на Надал она што го има направено досега во кариерата, па така пет титули со Дејвис куп- репрезентацијата на Шпанија и златото на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година изгледаат како доволен аргумент. Ако не е доволно тоа, Надал има злато и во двојки од Игрите во 2016 година.

Интересно е што и Роже Федерер имаше проблем со настапот на Олимписките игри, непосредно пред Токио во 2021 година. На крајот доби „ослободување“, но отпадна поради повреда.

Новак Ѓоковиќ беше тема на медиумите кога побара „ослободување“ за да се натпреварува на САД опен и се крена голема врева околу сè кога, неколку дена потоа, играше за српскиот Дејвис куп-тим, освојувајќи го 24. слем. Тоа беше протолкувано како себично од негова страна. Имаше обвинувања дека го направил тоа само за да се квалификува на Олимпијадата, иако можел и самиот да го добие споменатото ослободување.

Новак играше за Србија дури и во двојки, кога веќе беше јасно дека слави Чешка, ризикувајќи да се повреди. Сега повторно ќе настапи за Србија, во финалето на Дејвис купот во Малага.