Што славеше на Миконос, ќерката на Цеца Ражнатовиќ?

403

Убава на мајка Цеца, ама и многу умна со истанчен осет за шоу бизнис Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ гламурозно го прослави 21-от роденден на популарниот грчки остров Миконос, кој во ова време е познат и како остров на кој се собираат најмногу геј-луѓе од двата пола. Меѓутоа убавата новосоздадена пејачка немаше таков тип на гости, туку со своето одбрано друштво славеше и бесконечно се забавуваше. Единствено на гостите им беше забрането да зборуваат дали со Анастасија е и нејзиниот дечко, па новинарите беа скратени за таа скокотлива информација. Таа на своите фанови им се заблагодари за сета почит која ѝ ја даваат.
-Многу сум ви благодарна што ве имам и што ме поддржувате на дневна база и секогаш покажувате љубов и наклоност кон мене, искрено напишала Анастасија, истовремено објавувајќи и фотографија во многу минијатурното бикини со што предизвика вистинско цунами од воодушевување. Д.М.