Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул, се вклучи во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетик (Б), Нико Вилијамс. Близок извор до таборот на „црвените“ откри дека раководните лица сериозно размислуваат да ја активираат ослободителната клаузула во договорот на репрезентативецот на Шпанија која изнесува 46 мил. фунти.