Храна и минерали за животните во НП “Пелистер”

58

Ренџерската служба на ЈУ Национален парк “Пелистер” – Битола, поинтензивно ги прихрануваат животните на планината Баба, бидејќи поради ниските температури и високата снежна покривка тешко доаѓаат до храна.

– На Баба има неколку хранилишта кои се наоѓаат во атарот на селата Цапари, Нижо Поле и Маловиште на источната страна, и хранилиштето во атарот на селото Брајчино. На сите хранилишта се остава пченица, пченка, пакети со минерали и бали со сено, истакна Пеце Цветановски, советник во НП “Пелистер” – Битола.

Во соработка со ЦеПроСАРД, од националниот парк, со 10 камери врши деноноќно снимање на неколку локации каде што се регистрира движењето на животинскиот свет во планината, најчесто срни и еленчиња, а фотографиите ги споделуваат на фејсбук-страницата.