Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Раанана

288
Палестинската исламистичка организација Хамас ја презеде одговорноста за двојниот терористичкиот напад во градот Раанана, во централен Израел, недалеку од Тел Авив, во кој е убиена една жена, а 17 лиуца се ранети, вклучително со неколку деца.

Како што се наведува во соопштението на Хамас, нападите се „одговор за масакрите на окупаторот и продолжувањето на неговата агресија против палестинскиот народ“.

Израелската полиција соопшти дека двајца осомничени Палестинци од околината на Хеброн се уапсени напрзо по симултаните напади во кои украле возила и со нив налетале на повеќе лица на неколку места, пренесоа агенциите.

Израелските медиуми наведуваат дека напаѓачите со нож се нафрлиле на најмалку една жртва.

Полицијата веќе претходни изјави дека осомничените се роднини, но не го коментираше соопштението за одговорноста на Хамас.

Хеброн е град на окупираниот Западен брег. Со делови од таа територија управува Палестинска управа, во која доминира Фатах, ривал на Хамас.

Напаѓачите влегле во Израел нелегално, што го правеле и неколку пати претходно и сега се во полициски притвор.

Потерата е се уште во тек во подрачјето на Раанана со цел да се утврди дека не постои закана од други напади во време на пораст на напнатоста по повеќе од три месеци војна во Појасот Газа.