Палестинската милитантна група Хамас тврди дека најголемата болница во Газа, Ал Шифа сега е под контрола на израелските сили.
Израелските одбранбени сили започнаа напад на Ал Шифа рано денеска откако ја обвинија Хамас дека дејствува од тунелите на огромниот болнички комплекс, што споменатата милтантна група и болничните власти повеќе пати го демантриаа, пренесе Си-Ен-Ен.
„Израелската окупација ја сметаме за одговорна за животите и безбедноста на медицинскиот персонак, предвремено родените деца и раселените“, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас.
Лекар во болницата Калед Абу Самра изјави дека добиле предупредување 30 минути пред да почне израелската операција во болничкиот комплекс денеска рано утрината.
„Не замолиија да се тргнеме настана од прозорците или балконите, а сега слушаме оклопни возила, кои се многу блиску до влезот во комплексот“, наведе тој. Новинарот во болницата Кадер Ел Занун истакна утринава дека израелските тенкови и воени возила се во двојот на болницата.
Тој додаде дека израелските војници „во зградите и одделенијата на болницата спроведуваат операции на претрес среде интензивни пукотнции во болницата“ и дека „користат мегафони да бараат од младичите во болницата да кренат раце, да излезат и да се предадат“.
Портпаролот на израелската војска Петер Лернер рече дека ИДФ ги известиле болничките администратори, пациентите и цивилите да си побараат безбедно место каде што ќе се скријата. „Имаме намера да спроведеме воена операција за да направиме разлика меѓу цивилите и терористите, ијзави портаролот.