“Човек од сенка“ (Потпретседателот), во режија на Адам Меккеј, е насловот на американската биографска драма/комедија, која публиката ќе може наскоро да ја види во градските кина.
Филмот ја следи приказната за Дик Чејни – вашингтонскиот бирократ кој стана еден од најмоќните луѓе во светот и потпретседател на владата, Џорџ В. Буш. Инаку, во филмот се прикажува Чејни (Кристијан Бејл) во тек на педесет години, и неговото комплексно патување од руралниот Вајоминг, каде што работел како електричар, па се до Вашингтон, во кој тој бил де факто претседател на Соединетите Американски Држави. Ова е хумористичен, но исто така и мрачен и често вознемирувачки поглед на употребата и злоупотребата на институционалната моќ.
Покрај Кристијан Бејл, улогите ги толкуваат: Алисон Фил, Ејми Адамс, Стив Карел, Сем Роквел.