Филм: „Тајниот живот на милениците“ – повторно

110

„Тајниот живот на милениците 2“ во режија на Крис Ренод е анимираната комедија која македонската публика може да ја види во градските кина.

По успехот на првиот дел, интересните цртани домашни миленичиња се враќаат на големото платно. Филмот ја продолжува приказната за Макс и неговите пријатели, миленичињата кои нè развеселуваа, следејќи го нивниот таен живот што го водат откако нивните сопственици ќе заминат на работа или во училиште.

Гласовите ги позајмуваат Патон Освалд, Ерик Стонстрит и Кевин Харт.