Ферхофстат: Нов баланс на силите во Европскиот парламент

99

Лидерот на Алијансата на либерали и демократи за Европа и поранешен белгиски премиер Ги Ферхофстат изјави рече со овие европски избори заврши доминацијата на социјалистите и конзервативците во Европскиот парламент.

-Околу 100 наши пратеници и новата група, која ќе ја формираме во Европскиот парламент, ќе бидат клучни, бидејќи првпат од првите европски избори во 1979 година, класичните партии на социјалистите и конзервативците веќе нема да имаат мнозинство. Тоа значи дека нема да има солидно проевропско мнозинство без учество на нашата нова центристичка група, вели Ферхофстат.

Тој најави дека Алијансата на либерали и демократи за Европа во новиот состав на Европскиот парламент ќе се прошири со претставниците на француската листа Ренесанса, која ја предводи Република во движење на Макрон, но и други слични реформистички партии кои размислуваат слично.

-Очекуваме да освоиме нови 30 до 40 места на овие избори и да формираме група од околу 100 пратеници, рече Ферхофстат.

Тој оцени дека тоа ќе биде проевропска група, која ќе ја користи својата новодобиена моќ да се бори за амбициозна Европа.