EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фајнлфорот во Евролигата за сезоната 2024/25 нема да се игра во Белград, туку, како што стојат работите, ќе се одржи во Абу Даби. Информациите на почетокот на ноември беа дека евролигашите гласале Белград да биде домаќин и дека потврдата е само формалност, но се чини дека дошло до пресврт.

Абу Даби ќе биде официјално потврден како домаќин на Ф4 на состанокот во вторник, а исто така ќе добие уште две години за одржување на завршниот турнир во Евролигата, но засега не се знае точно кога, пишува српски „Спортклуб“.

Белград беше организатор на фајналфорот на Евролигата во 2018 и 2022 година, кога Реал Мадрид и Анадолу Ефес ги освоија титулите.

ИЗДВОЕНИ