Фанот на Реал удри по Перез и сака да го уништи

176
epa10219042 President of Real Madrid Florentino Perez speaks during the Ordinary and Extraordinary General Assemblies of the Spanish La Liga's team Real Madrid, in Madrid, Spain, 02 October 2022. EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја коментираше работата на претседателот на Реал (М), Флорентино Перез. Тебас смета дека првиот човек на „кралскиот клуб“ е злонамерна личност.

Нивната „ладна војна“ трае со години и немаат добро мислење еден за друг, а сега следеше нов напад од претседателот на на Ла Лига.

„Се додека Флорентино Перез е претседател на Реал (М) ќе бидам многу загрижен. Тој е многу злонамерна личност и тврдоглав човек“.

Интересно, но Тебас не застана тука, тој продолжи со уште пожестоки зборови.

„Тој секогаш сака да биде во право, без разлика за што се работи. На последниот клупски состанок тој рече дека Реал (М) ќе го спаси фудбалот“.

Претходно Тебас го обвини Перез дека прави се за да го оцрни во јавноста и да го отстрани од функцијата.

„Флорентино врши огромен притисок. Разрешува и назначува директори во големите весници. Неколку пати се обиде да ме оддалечи. Јас го кажувам она што го мислам, а на нив не им се допаѓа“.

Тебас никогаш не криел дека е навивач на Реал (М), сепак, тој не дозволува тоа да влијае на неговата професионалност.

„Јас сум Мадридиста. Никогаш не сум го криел тоа“, беше пораката на Тебас.

Иако има исклучително лоши односи со Перез, Тебас не е омилен лик ниту во Барселона. Каталонците јавно го обвинуваат дека се обидел да ја намести аферата Негреира за купување судии заедно со луѓе од Реал (М).