Уште две поднесени оставки поради трагедијата во Нови Сад

93

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија и директорката на железничката инфраструктура поднесоа оставка.

Томислав Момировиќ и Јелена Танасковиќ, си заминаа од функцијата оставка поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која, загинаа 15 лица, а уште две беа тешко повредени. Српскиот претседател Александар Вучиќ уште синоќа најави дека ќе име оставки во Владата. Очекува наскоро да има одговор и од Обвинителството. Претходно, поради притисокот на јавноста, оставка поднесе и министерот за градежништво Горан Весиќ.

А додека во Нови Сад втор ден по ред траат блокадите и протестите пред судот и обвинителството, протести и блокади на неколку моста има и во Белград. Александар Вучиќ за денес најави седница на Советот за национална безбедност, без да го посочи поводот за свикувањето.