Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре од 9 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Протестот ќе се одвива со траса на движење од улица „Мирче Ацев“–ССМ, улица „Филип Втори Македонски“, десно по улица „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по булевар „ВМРО“ и лево по булевар „Илинден“ пред Влада.
-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје – соопштија од МВР.
Оттаму, апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.