Утре од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Сарај, Студеничани, Ѓорче Петров и Центар

98

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, utre без струја ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Ѓорче Петров и Центар, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 10 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од сред село Радуша во општина Сарај, од 9 до 15 часот корисниците од улиците 1, 4 и 6 во село Батинци, општина Студеничани.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од броевите 11, 13, 15, 17, 19 и 21 на ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 8:30 до 15:30 часот корисниците од улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“ во општина Центар.