Уапсени 28 шпански тенисери

41

Шпанската полиција уапси вкупно 83 лица, меѓу кои 28 тенисери, поради сомневање дека учествувале во наместени натпревари од Фјучерс и Челинџер турнирите. Како што известуваат шпанските медиуми, еден од уапсените тенисери се натпреварувал на минатогодишното издание на САД Опен. Оваа информација ја објави Еуропол, кој наведува дека истрагата ќе продолжи и покрај апсењата.

Првичните информации говорат за дури 97 натпревари чиј исход се смета дека е наместен. Во случај на докажување на вината на 28-те тенисери, ова ќе биде најголемиот случај на наместени натпревари во професионалните спортови во Шпанија.

Како главен организатор на наместените натпревари и манипулацијата со нивните исходи се наведува група од Ерменија која успеала да воспостави директна врска со тенисерите, со цел да оствари финансиска добивка.

Понатаму се наведува дека шпанската полиција блокирала дури 42 банкарски сметки, преку кои се правени трансакциите, како и дека во текот на акцијата се запленети околу 150.000 евра.