Хибридното војување и тајните операции стануваат норма. Руските паравоени групи ги дестабилизираат демократиите, додека шпионските операции се обновуваат во Европа со интензитетот што го имаа во студената војна. Заканите на Путин со оружје во вселената и нападите на комуникациските мрежи се само дел од пошироката слика. Има и воени експерти кои сметаат дека светот веќе е во класична војна по третпат. Поранешниот врховен командант на украинската војска, Валериј Заслужни, кој Зеленски поради несогласување го отпушти во февруари, па сега е пратеник на Украина во Обединетото кралство смета дека директното вклучување на автократските сојузници на Русија во нејзината војна против Украина значи дека третата светска војна е почната.
Третата светска војна можеби веќе почнала, но не на начин на кој сме навикнати, предупредуваат аналитичарите. Од Украина до Индо-Пацификот, глобалната стабилност е на несигурна почва, па експерти како Марк Тот и полковникот Џонатан Свит тврдат дека војната е во тек и се води преку хибридни закани и идеолошки конфликти во дигиталниот простор.
Денеска сме соочени со нова форма на војна која вклучува не само традиционално оружје, туку и сајбер-напади, дезинформации и економска манипулација, пишува „Блиц“. Додава дека војната на Путин со Украина се смета за почетна фаза на овој конфликт, а таа се шири и во другите делови на светот, вклучувајќи ја Африка, но и вселената.
Хибридното војување и тајните операции стануваат норма. Руските паравоени групи ги дестабилизираат демократиите, додека шпионските операции се обновуваат во Европа со интензитетот што го имаа во студената војна. Заканите на Путин со оружје во вселената и нападите на комуникациските мрежи се само дел од пошироката слика.
-Тоа е војна која се води на повеќе фронтови, тврдат Тот и Свит, нагласувајќи ја способноста на Путин да води хибридна војна како негова најголема сила.
Иако луѓето во западните земји можеби се повеќе загрижени за дезинформациите, во Украина и другите глобални жаришта, кинетичката војна е и тоа како присутна. Конфликтите во Украина, нападите на Хамас врз Израел и кинеските закани за Тајван се само неколку примери, посочува „Блиц“.
Големите сили, се додава во текстот, се натпреваруваат во воената и економската сфера, а шефот на британското воено воздухопловство Ричард Најтон предупредува на губење на воздушната супериорност на Западот. Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд ја гледа сегашната геополитичка клима како егзистенцијална борба меѓу демократијата и авторитаризмот.
Иако западните мерки за одвраќање остануваат ефикасни, Тот и Свит и понатаму се уверени во своите тврдења. Најтон, од друга страна, ја нагласува потребата од подготовка и инвестирање во одвраќање и отпорност.
Аналитичарите и воените експерти предупредуваат дека светот е на пресврт, поради што силата и решителноста се клучни за одбрана на слободата и демократијата. Прашањето, посочуваат тие, не е дали почна третата светска војна, туку дали можеме да ја запреме пред да биде предоцна.
Но, има и воени експерти кои сметаат дека светот веќе е во класична војна по третпат. Таква изјава неодамна даде поранешниот врховен командант на украинската војска, Валериј Заслужни, кој Зеленски поради несогласување го отпушти во февруари, па сега е пратеник на Украина во Обединетото Кралство. Тој смета дека директното вклучување на автократските сојузници на Русија во нејзината војна против Украина значи дека третата светска војна е почната.
-Верувам дека во 2024 година можеме апсолутно да веруваме дека третата светска војна почна, затоа што во 2024 година Украина веќе не е свртена кон Русија. Војници од Северна Кореја стојат пред Украина. Да бидеме искрени. Во Украина иранските „шахеди“ убиваат цивили апсолутно отворено, без никаков срам, анализира Залужни.
Тој додава дека сè уште е можно да се запре тука, на територијата на Украина, но „поради некоја причина нашите партнери не сакаат да го разберат ова“.