Загадувањето на воздухот во Скопје многу тешко ќе се намали со ваков јавен превоз како што го имаме и доколку тоа се прави со парцијални решенија. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во изјава за медиум вели дека за решавање на овој проблем потребно е системско планирање, а не парцијални решенија како што досега имавме, како што е БРТ итн.
– Значи, не зборувам парцијално да решаваме една дијагонала на градот, туку треба да го решиме целиот систем во делот на јавниот превоз – нагласува Перински.
Тој додава дека точно се детектирани загадувачите на воздухот во градот.
– Работата е што ќе направите за да ги отстраните. Со ваков јавен превоз, многу тешко ќе го намалиме загадувањето. Со немањето на можност да превенираме во делот на дрвото за огрев, многу тешко ќе го намалиме загадувањето. Со немањето на поголеми пунктови за изнајмување на велосипеди на сите поголеми станици на јавниот превоз, тешко ќе го намалиме загадувањето – потенцираше Перински.