Трамп рече дека Хакаби го сака Израел и неговиот народ, и ќе работи неуморно за да постигне мирно решение на Блискиот Исток, објави Ројтерс.
Хакаби (69) е поддржувач на Израел и воспоставувањето израелски населби на окупираниот Западен Брег и го критикуваше американскиот претседател Џозеф Бајден за притисокот врз Израел да ги намали нападите во Појасот Газа.
Хакаби беше гувернер на Арканзас од 1996 до 2007 година и беше неуспешен републикански претседателски кандидат во 2008 и 2016 година.
Неговата ќерка Сара Хакаби Сандерс е актуелна гувернерка на Арканзас. Таа беше прес-секретар на Трамп во Белата куќа од 2017 до 2019 година.