ТОНИ ЦЕТИНСКИ: Последната деценија ми е пекол, ама нема да плачам

859

Популарниот хрватски пејач, Тони Цетински, ги изнесе деталите од неговиот живот, и вели дека во последниве години животот не му е “мед и млеко”.

Имено, Тони го бие постојано малер. Неговите родители беа уапсени со обвиненија за корупција, а набргу потоа, му се случи сообраќајна несреќа за која постапката е во тек.

Сепак, пејачот не губи надеж и признава дека во изминатите десет години сè било тешко, но и дека секогаш проблемите ги дочекувал подготвен.

Цетински неодамна го прослави својот 50-ти роденден, но, исто така, рече дека не се чувствува како да влегол во шестата деценија. “Млад и физички и духовно“, е негово чувство, а признава и дека годините му донеле смиреност.

Јас не сум од момците кои, кога ќе дојдат проблеми, ќе одат во првото кафуле и ќе ја третираат тагата со алкохол или ќе плачат. Не е срам да се падне, срамно е да не се стане, вели пејачот.