Францускиот кошаркар и четирикратен НБА-шампион, Тони Паркер, објави дека ја заврши својата кариера.

  • Со многу емоции ја завршив кариерата. Работев многу и тоа беше неверојатна авантура. Дури и во моите најлуди соништа не би можел да претпоставам дека ќе се доживеам вакви извонредни моменти во националниот тим на Франција и во НБА лигата, изјави Паркер на социјалната мрежа „Твитер“.

Паркер играше 18 сезони во НБА лигата, од кои 17 тимот на Сан Антонио, со кој освои четири титули и секоја година играше во плејофот. Минатата сезона се пресели во редовите на Шарлот, со кого за прв пат не беше дел од завршницата.

  • Ја завршувам кариерата. Одлучив повеќе да не играм кошаркарка, а за тоа влијаеја многу различни. Штом не сум оној стариот Паркер и не можам да се борам за титулата, тоа значи дека е доволно со кошарка, истакна Паркер за американските медиуми.

Паркер одигра на 1.151 натпревар во регуларната дел од сезоната во НБА лигата и бележеше во просек по 15.5 поени и 5.6 асистенции по натпревар. Исто така тој играше и на 226 натпревари во плејофот, каде во просек бележеше по 17,9 поени и 5,1 асистенции по натпревар. Неговиот договор со Шарлот истекува за една година, но не беше во прв план на крајот од сезоната. Со репрезентацијата на Франција освои златен медал на Европското првенство во Словенија во 2013 година, како и еден сребрен и два бронзени медали.