Да направиме промени. Тоа сакам да го направам со вас, со ваша подддрша, бидејќи е за вас, рече Тони Михајловски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Куманово.
Михајловски се осврна на дел од проектите кои ќе ги реализира во текот на мадатот, меѓу нив е изградба и заокружување на патнатата инфраструктура. – Ќе изградиме 60 километри патна инфраструктура во градот, катни гаражи, велоспидески патеки, кружни текови во градот, рече Михајловски.
За него, како што рече, приоритет ќе биде Куманово да биде чист град, да има бесплатен приклучок на гас за домаќинстава и бизнисите.
-Ќе се воспостави модерно управување со отпад. На само пет километри воздушна линија од Куманово во село Пчиња се наоѓа депонијата Краста која е депонија од минатиот век со несогледиви последици за здравјето на луѓето и почвата. Отпадот ќе биде вредна суровина преку селектирање, рециклажа и компресирање. Кумановка да биде чиста река. Изградба на кеј од двете страни на реката и трајно решение со,кое нема да се фрла отпад во неа. Реконструирање на постоечките запуштени мостови и изградба на два нови моста, истакна Михајловски.
Најави и нови градинки, училишта, а вети и проекти за нов театар во Куманово, реконструкција на спортската сала, на Соколана и на градскиот стадион.
Тој напомена дека ова се само мал дел од програмата која ја нуди тој и партијата. – Со оваа програма имаме намера Куманово да го ставиме на сите мапи. На културната, спортската и економската мапа на Балканот, Европа и Светот. Ајде наново да го градиме Куманово. За победа, за промена и за проекти. За Куманово, заклучи Михајловски.
На вечерашниот митинг во Куманово ќе се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска изборната кампања „Создади нова иднина!“ ја претстави во скопските општини Карпош и Кисела Вода.