Тодор Петров ќе собира потписи за референдум против името Република Северна Македонија

88

Одлуката беше донесена со 8 гласа „за“ и еден „воздржан“.

Иницијативата на Тодор Петров да собира потписи за нов референдум со прашањето „Дали сте за Република Северна Македонија”доби зелено светло во собраниската комисија за политички систем и истата е проследена во понатамошна собраниска процедура. Одлуката беше донесена со 8 гласа „за“ и еден „воздржан“.

Иницијативата, чиј потписник е лидерот на Светскиот македонски конгрес, помина и во собраниската Законодавно-правна комисија. Како уредна иницијативата ја оценија седум пратеници, ниту еден не беше „против“, а еден не гласаше.

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“ е прашањето кое што, како што појасни Петров на седницата, би било поставено на референдумот што би се одржал доколу се соберат потребните 150 илјади потписи.

Иницијативата, како што појасни тој, е поднесена на барање на 179 граѓани, а согласно законските решенија потребно е најмалку 100 граѓани да поднесат барање за иницијатива за собирање потписи за распишување референдум на државно ниво.
-На ова прашање избирачите треба да одговорат дали се „за“ или „против“ или да не гласаат. Прашањето е прецизно формулирано. Со иницијативата за дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија на седницата одржана на 11 јануари оваа година со амандманите на Уставот и Уставниот закон за нивно спроведување, рече Петров.

Граѓанската иницијатива треба да добие мислење за уредност и во Законодавно-правната комисија, а потоа таа би била доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој преку премиерот би ја доставил до ДИК.

Откако ДИК ќе ги извести поднесувачите на иницијативата дека околу 33 подрачни одделенија се подготвени, тие во рок од 20 дена се должни да ги достават формуларите за собирање на потписите до сите подрачни одделенија и потписите да ги соберат во рок од три месеци.
Според неговите прогнози, доколку се помине според процедурите потписите би требало да се соберат од 15 февруари до 15 мај.

Самка Ибраимовски рече дека не може да се прават екскурзии и желботеки, кој сака и како сака да бара поправен испит. Според него, тоа што гласале над 600 илјади луѓе на 30 септември го прави референдумот успешен и затоа не требало повторно да има референдум. „Не треба да се прават дополнителни трошоци“. Ибраимовски рече и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад предлогот на Тодор Петров.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, рече дека иницијативата е уредна и дека не трбе да се шири дискусијата, туку да се задржи расправата за тоа дали предлагачот доставил уредна иницијатив