СП ракомет: Кикс на Хрватска што може да ја чини полуфинале

36

Репрезентацијата на Бразил направи големо изненадување на ракометниот Мундијал совладувајќи ја фаворизираната Хрватска вечерва во последниот натпревар од третата рунда во Групата – Е. За „коцкестите“ овој пораз значи чекор назад во обидот да освојат едно од првите две места на табелата што автоматски значи учество по полуфиналето и борбата за медали.

Бразилците победија со 29:26, по одличното прво полувреме кое го добија со 17:13.

Лангаро со девет погодоци беше најефикасен во победничкиот состав, додека Дувњак кај Хрватите имаше шест реализации.

Пласман Е-група: Германија 5 бода, Франција 5, Хрватска 4,. Шпанија 2, Бразил 2, Исланд 0.