Со оваа маска за коса, изложувањето на сонце ќе ви биде само уживање

363

Во текот на летото, сонцето е најголемиот непријател на женската коса. А жештините веќе започнаа. За да не морате да се плашите дека вашите кадрици ќе го изгубат сјајот на летувањето, погрижете се за неа навреме. Оти сонцето и морската вода знаат да бидат погубна комбинација за негуваната коса.

Приготвенете ја оваа маска за коса и ќе немате за што да се грижите.
Потребни ќе ви бидат едно јајце, 3 лажици маслиново масло и една лажица сок од лимон. Состојките се мешаат убаво додека да ја постигнете саканата густина, а ако сакате потечна маска, доволно е да се додаде една лажица вода. Маската се нанесува на сува коса, се остава да дејствува половина час, а потоа се одмива. По овој третман, косата треба да се измие вообичаено, со шампон.

Најважно е во лето да не заборавате редовно да ја хидрирате косата. Два часа пред миење, нанесете маслиново или кокосово масло од темето до крајот на влакното. Потоа внимателно измијте ја косата.