Скопските улици ќе се мијат секое наутро до 23 февруари

69

ЈП „Комунална хигиена“ до 23 овој месец ќе спроведе машинско миење со автоцистерни на булеварите и поголемите улици во Скопје. Миењето, како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“, ќе се одвива во утринските часови и ќе ја опфати територијата на сите скопски општини.

– Акцијата е со цел подобрување на нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини, а ќе се реализира благодарение на најавените поволни временски услови. Според Програмата за работа, ЈП „Комунална хигиена“ стандардно спроведува машинско миење со автоцистерни само во периодот од април до октомври, велат од ова ЈП.