Италијанскиот калчолигаш Наполи објави дека сите тестови за коронавирус на играчи и персонал биле негативни, откако нивниот противник во последното коло, тимот на Џенова објави дека имале 14 случаи на КОВИД-19. Џенова имаше двајца заразени играчи со КОВИД-19 – Матијас Перин и Ласе Шоне пред мечот со Наполи, кој „црно-црвените“ го загубија катастрофално со 0:6. За среќа, негативен тест имаа и репрезентативците на Македонија, Горан Пандев и Елиф Елмас.