Се уредува пешачката патека меѓу валандовските села Брајковци и Балинци 

37

Селата Брајковци и Балинци, кои територијално припаѓаат на општина Валандово и речиси се поврзани едно со друго, наскоро ќе бидат поврзани и со пешачка патека чие што уредување почна денеска.

Од општина Валандово информираат дека патеката ќе биде долга 1.250 метри, ќе зафаќа површина од 1.500 квадратни метри и дека работите за нејзино комплетно уредување ќе траат 30 работни денови.

Пешачката патека, за која општина Валандово од сопствениот буџет издвојува 1,7 милиони денари, треба да ја олесни комуникацијата на жителите од двете населени места и да ја зголеми безбедноста на учениците кои следат настава во подрачното основно училиште “Даме Груев” во село Брајковци.