Се санираат ударни дупки по улиците во општина Аеродром 

161

По подобрувањето на временските услови, општина Аеродром продолжи со санација на ударните дупки на улиците што се под нејзина надлежност.

– Во изминатиот период беа санирани дупки на улици во Горно Лисиче, населба Лисиче и Реонски центар во Аеродром, деновиве се работи на санација на ударните дупки на улицата „23 Октомври“ во населбата Острово – соопштија од општина Аеродром.