Се предвиде околу Трамп, но пророкот откри и што следува потоа

190

Христијанскиот свештеник Брендон Бигс, човекот кој под видеото на Јутјуб е претставен како пророк, пред седум месеци успешно најави уште еден важен светски настан – дека Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа!

Такво нешто Бигс предвидел уште во март 2024 година, за време на разговор во кој предвидел дека Трамп ќе биде убиен.

„Го видов неговиот обид за атентат. Куршумот помина покрај неговото уво и дојде толку блиску до неговата глава што му го прободе тапанчето“, рече Бигс четири месеци пред Томас Метју Крукс всушност да го застрела Трамп на митинг во Батлер, Пенсилванија.

„Видов како нов бран на патриотизам како шумски пожар се шири низ САД, како се крева Трамп и се обидуваат да го убијат.

Го видов како клекнува на колена, почна да му се поклонува на Господ и „радикално“ се прероди. Како човек станува многу страствен за Исус“, рече тогаш Бигс и во следната реченица ја најави победата на Трамп на претседателските избори.

Бидејќи Бигс очигледно беше во право и за таа точка, се потсетивме на гореспоменатото интервју затоа што тој свештеник објави и што ќе следи откако Трамп ќе се врати во Овалната соба.

„Видов дека ќе победи на претседателските избори, но и дека ќе го тужат многу, разни судски процеси. Но и на тоа ќе му дојде крајот. За жал, после тоа ќе има голем економски колапс, полош од големата депресија од 1929 година.“ рече Пастор Бигс и продолжи:

„Бог ме предупреди дека ќе следи многу мрачно доба. Но, ги видов и „веслата“ како се издигнуваат над американското тло. Го видов Доналд Трамп како се моли во Овалната соба, плачејќи и липајќи пред Господ.

Видов и некои министри, сенатори, членови на Конгресот како влегуваат и излегуваат од Овалната соба и го почувствував силното присуство на Бога. И тогаш ја видов глетката на темнината на финансиската криза како се издигнува над дрвјата и синото се враќа. Сум видел добрите времиња се враќаат назад.

Господ ќе не потресе за да не разбуди и освести. Во суштина, ова ќе ни каже дека тој не е готов со Америка. Небото нема да падне. Тоа ќе биде исправка, а не негова пресуда“, рече пасторот Бигс во март 2024 година.