Си заминува и оваа година и се ближи новата. И оваа година Хуманитарна организација „Свети Спас” ја реализира акцијата „Подари пакетче, подари љубов“.

– Оваа година сакаме да ги израдуваме буквално сите деца од социјално загрозените семејства, во болниците, во училиштата за деца со посебни потреби, дневните центри за деца со посебни потреби, згрижувачките семејства и многу други и за да успееме во тоа имаме потреба од сите вас. Помогнете ни да собереме доволно пакетчиња за сите деца – велат од ХО „Свети Спас“.

Од приватни донатори досега се собрани над 700 пакетчиња, а во саботата беа отворени пунктови во поголемите маркети каде што граѓани и родители со своите деца донираа новогодишни пакетчиња.

ИЗДВОЕНИ