Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека раководните лица сериозно ја разгледуваат и опцијата да стават крај на соработката со украинскиот интернационалец, Микхаило Мудрик. Иако беше купен од Шахтјор за 80 мил. евра, крилниот напаѓач и во актуелната сезона не може да ги исполни очекувањата на раководните лица.