Сашо Серафимовиќ од село Старо Нагоричане го извади крстот од водите на Пчиња кај село Драгоманце во општина Старо Нагоричане.
Тој беше најсреќен од 17-те момчиња кои скокаа по крстот во реката Пчиња на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление-Водици.
Градоначалничката на општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска на Серафимовиќ му подари телевизор, а на останите учесници им подари пригодни подароци. Освен од општината Серафимовиќ доби подароци и од црквата.