Русите од денеска се вакцинираат со нивната „Спутник V“

87

Од утринава почна вакцинацијата против коронавирус во Русија, а клиниките во Москва прво ќе ги вакцинираат оние кои се најмногу изложени на ризик од инфекција. Со ова, Русија стана првата земја во светот што започна со процесот на вакцинација. Русите ќе ја користат своја вакцина Спутник V, регистрирана во август, пишува BBC.

Илјадници луѓе веќе аплицираа за првата од вкупно две вакцинации, иако сè уште не е јасно колку вакцини може да произведе Русија. Производителот се очекува да направи два милиони дози до крајот на годината. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рече дека приоритет имаат оние луѓе кои се најмногу изложени на ризик од инфекција, како што се здравствени работници, наставници и професори, социјални работници …

Граѓаните можат да аплицираат за вакцинација преку Интернет и можат да обезбедат бесплатен термин на една од 70-те локации низ градот. Вакцинацијата трае од 8 до 20 часот. Вакцината е ефикасна 95 проценти и не предизвикува големи несакани ефекти, но сепак се уште поминува низ масовно тестирање.

Од коронавирусот во Русија се заразени 2.441.731 лица, а 42.684 починале, покажуваат новите податоци. Инфекцијата е потврдена кај 28.782 лица во последните 24 часа, вклучувајќи 7.993 во Москва. Во последните 24 часа 508 лица починаа од последици на коронавирусот.