Рубен Аморим седна на клупата на Манчестер Јунајтед, но ниту Португалецот засега не им помага на „црвените ѓаволи“ кои со право се предмет на исмејување во англиските медиуми.
Поранешниот предводник на Спортинг од Лисабон јавно истакна дека е потребно време и работа за да се стави се во ред, а наскоро треба да ги добие првите големи засилувања кои би му гарантирале многу повисок квалитет во играта.
Нападот на гигантот од „Олд Трафорд“ веќе од јануари би можел да биде значително посилен, а најголема желба е Нигериецот Виктор Осимен.
Според италијанските медиуми, „црвените ѓаволи“ изразиле подготвеност да ја платат ослободителната клаузула за 25-годишниот напаѓач.
„Манчестер Јунајтед би можел да биде тимот кој во јануари ќе плати отштета од 70 милиони евра за Виктор Осимен“, пишува Ил Матино, медиум од Неапол.
Истиот медиум додава дека нема да биде проблем тоа што Нигериецот е позајмен во Галатасарај.
„Нема проблем со тоа. Во договорот има клаузула според која соработката може да се прекине за време на зимскиот преоден рок“.
Осимен минатото лето влезе во конфликт со челниците на Наполи. Набрзо новиот тренер Антонио Конте го отпиша, а Нигериецот цело време тактизираше со следната дестинација.
На крајот реши да замине на позајмица за да ја задржи формата и ја избра најдобрата можна опција, турскиот гигант Галатасарај.
Осимен игра одлично оваа сезона во дресот на шампионот на Турција. На 13 натпревари тој постигна 10 голови и забележа пет асистенции.
Се чини дека тој би можел да постигнува голови во Премиер лигата од јануари, а челниците на Манчестер Јунајтед во него гледаат идеален напаѓач кој лесно може да стане првото засилување на Рубен Аморим.