Реновирана салата на “Димитар Влахов” со јапонска донација

48

Со донација од јапонската фондација ИСЦ, реновирана салата за приредби на ДУРДМОВ “Димитар Влахов”. Директорот Горанчо Јакимовски се заблагодари на донацијата нагласувајќи дека парите со кои е реновирана салата за приредби им го разубави просторот на вработените и на учениците.

– Заедно ќе ги споделуваме сите радосни настани во нашето училиште, а воедно ќе имаме можност и да го следиме развојот на потенцијалот и талентот на нашите ученици – истакна Јакимовски.

Со извршените градежни зафати, салата за приредби беше целосно реновирана. Истата доби нов под, нова бина, целосно нова електрична инсталација, се изврши варосување, се поставија нови тапацирани столчиња и завеси.

– Како и сите останати луѓе, така и луѓето што имаат проблем со видот имаат сопствени таленти. Ние разбираме дека тие луѓе имаат потешкотии да се снајдат во средината и се надеваме и посакуваме преку вакви проекти што повеќе да им го олесниме функционирањето, како и развивањето на сопствените таленти – изјави Фиројоши Комода, потпретседател на бордот на директори на фондацијата ИСЦ.