Вечерва 16.09.2024 година (понеделник) со почеток во 20:00 часот, во Галерија „КО-РА“ – голем салон, ЈУ Дом на Култура „Кочо Рацин“ Скопје, се отвара самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин.

Проектот започна со објавување на јавен повик/интерактивен конкурс за учество на публиката, каде граѓаните и граѓанките праќаа по една предлог фотографија од своето омилено планинско место/планински масив или највисоката точка/врв,која го афирмира или карактеризира поднебјето од каде што потекнуваат:

– Шар Планина или Шара (Шарпланински масив)(највисок врв Титов Врв -2.747 м); Мал Турчин, Бакрдан, Љуботен, Ливадица, Пирибег…;

– Кораб или Корапски масив (Голем Кораб – 2.764 м) – највисока точка на Корапскиот масив, на Шарскиот планински венец и највисок врв во Македонија, Мал Кораб, Кепи Бард, Црна Чука, Кабаш, Рибничка Скала…, на Кораб; Веливар, на Дешат (2.375 м); Голем Крчин, на Крчин (2.341 м).;

– Бистра (Меденица -2.163 м…);

– Стогово или Стоговски масив (највисок врв Голем Рид -2.268 м) и Бабин Срт (на Стогово); Орли Врв (на Караорман);

– Јакупица (Јакупички масив, познат и под името Мокра) (највисок врв Солунска Глава -2.540 м; Караџица, Попово Брдо, Остар Брег, Убава, Остар Врв, Даутица, Перчулица…);

– Баба (највисок врв Пелистер -2.601 м);

– Јабланица (највисок врв Црн Камен -2.256 м, Стрижак, Крстец, Чумин Врв.);

– Галичица (со планините Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток) (највисок врв е Кота -2.265 м) – на територијата на Македонија, Магаро -2.254 м.);

– Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак)(највисок врв Кајмакчалан -2.520 м), Манастириште, Ниџе.);

– Кожуф (највисок врв Зелен Брег -2.165 м, Дудица, Порта.);

– Сува Гора (највисок врв Добра Вода -2.061 м), Дупен Камен, Кула, Коњарник.

Дарко Аницин – Авторот направи избор на фотографии по кои создаде 25 акрилни дела кои ќе ги претстави на интерактивна изложба.

Секое ликовно дело е именувано по одбраната фотографија, планинска област, врв..(пр. Име на ликовното дело: Голем Кораб -2.764 м) – највисока точка на Корапскиот масив)

Проектот „РЕМЕК-ДЕЛО НА СОЗДАВАЊЕТО“ – интерактивна изложба на Дарко Аницин е избран од Министерството за култура на Годинешниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, како проект од национален интерес во културата за 2024 година.