Новата учебна година за учениците од средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров”, започна со целосно реконструирана спортска сала, со цел овозможување подобрени услови за спортување и едукација за средношколците.
Од Град Скопје информираат дека старата и небезбедна дрвена подна конструкција во спортската сала е заменета со нова подна подлога за квалитетна реализација на наставата по спорт во училиштето.
Градот Скопје во континуитет вложува во подобрување на условите за овозможување непречена реализација на наставата.