Реал (M) ќе ја напушти лигата порад Барса (Видео)

112

Oткако кошаркарите на Барселона, во драматична и контроверзна завршница, славеа во финалето на Шпанскиот куп против Тимот на Реал (М) со 94:93, се можеше да се претвори во голем скандал, особено што овој дуел се играше во Мадрид.

Имено, челниците на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид веќе размислуваат да ја напуштат шпанската АЦБ лига, бидејќи се незадоволни од некои судиски одлуки со нагласок на победничкиот коша на Анте Томиќ на 1.2 секунди пред крајот на продолжението. Овој кош беше признат по прегледаните видео снимки од страна на арбитрите.

Високиот хрватски центар, инаку поранешен играч на „кралевите“, се обиде да поентира на втор обрач со полагање од табла, а откако топката удри на таблата (и се чини дека го допре обрачот), топката ја фати Рендолф. Според правилата се се чини чисто, но на крајот судиите одлучија дека кошот е признат, што предизвика бес на клупата на „мадриѓани“.

Според последните информации, челниците на Реал Мадрид испратиле писмо до челниците на АЦБ лигата да се огласат за „кражбата“ на судиите, или во спротивно ќе ја напуштат АЦБ лигата. Накратно, ваков скандал со вакви размери во Шпанија не се случил до сега.