Путин му се оддолжи на Ким? Протекоа детали од договорот помеѓу двете сили

376

Русија ѝ даде на Северна Кореја противвоздушни ракети во замена за распоредување војници за поддршка на војната на Москва во Украина, изјави во петокот највисокиот советник за безбедност на Сеул.

Руските власти ангажманот на севернокорејските војници го плаќаат со испораки на нафта, меѓутоа, според јужнокорејски безбедносни извори, како дополнителна форма на поддршка, Русија испраќа противвоздушни ракети во Пјонгјанг.

„Утврдено е дека опремата и противвоздушните ракети насочени кон зајакнување на ранливиот систем на Пјонгјанг и се испорачани на Северна Кореја“, рече главниот советник за безбедност, Шин Вон-сик.

Севернокорејската армија нема активни системи за противвоздушна одбрана, додека Русија, од друга страна, има неколку компании кои произведуваат системи за противвоздушна одбрана.

Јужнокорејските експерти претходно изјавија дека во замена за војници, Северна Кореја најверојатно имала за цел да се здобие со воена технологија, од сателити до подморници, како и можни безбедносни гаранции од Москва.