Промоција на „Ќедер“ од Белева

227

Во Мобилна/монтажна галерија, сместена во Паркот на франкофоните, утревечер (21 јуни), со почеток од 20 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Ќедер“ од бугарската писателка Јорданка Белева во издание на „Блесок“. Книгата е во превод на македонски јазик на Сузана В. Спасовска, а промотор ќе биде Елизабета Баковска.

„Ќедер е турски збор, означува мака. Ќедер било да не ги гледаш веќе блиските, одненадеж да ти е попречен погледот засекогаш. Затоа што со поглед се напушта потешко. Но ќедер било и да немаш блиски што тагуваат. За најголем ќедер се сметале недовршените нешта“, стои во најавата на издавачот.

Јорданка Белева (1977) е авторка е на книгите „Пењоари и бродови“ (2020), „Надморското ниво на љубовта“ (2011), „Таа“ (2012), „Клучеви“ (2015), „Пропуштен момент“ (2017) и „Ќедер“ (2018). Збирката раскази „Ќедер“ е номинирана за националните награди за 2018 – „Перото“ и „Хеликон“.