Промоција во МОБ: Играно-документарен филм “Ти си Алеф” со Игор Џамбазов

103

Во Македонска опера и балет на 22 јануари (вторник) во 20 часот ќе биде промовиран играно-документарниот филм “Ти си Алеф” со Игор Џамбазов. Автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р. Соња Ризоска- Јовановска.

“Ти си Алеф”е играно – документарен филм за неуморниот патник кој тргнал кон патот на вистината, правдата, светлината, љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму…

Посебен белег на вечерта се настаните кои го отсликуваат – патот до Алеф.

Во рамките на промоцијата музичка изведба на бендир неј ќе има доц. д-р. Абаз Јахја, а на неј – Ајдин Јахја.
Ќе биде поставена и ликовната изложба “Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат” на проф. д-р Живко Поповски – Цветин и изложба на фотографии “Од пепелта до вистината со Алеф”.