Полицијата денеска го приведе Н.Н. од Скопје поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје.
Како што информира МВР, во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Најнапред околу 14:30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје. -Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението.