При акција на турската полиција: Исклучително ретка Библија со златни букви пронајдена во Турција

88

Што се однесува до вакви слични ретки откритија, минатата година голема возбуда меѓу археолозите предизвика прстенот кој датира од пред 2.000 години, откако било утврдено дека на него пишува “Пилатус”. Иако најден пред 50 години, натписот само од неодамна е дешифриран благодарение на употребата на нова напредна фотографска технологија

Библија, исклучително ретка и стара 1.200 години, е пронајдена во турската покраина Дијарбакир за време една акција организирана против криумчарење на вредни историски артефакти, соопштија неодамна турските локални медиуми. Притоа, уапсени биле тројца осумничени кои пробувале да ја продадат древната книга во градот Кајапинину. Иако таа била пронајдена во лоша состојба, на нејзините страници се уште можат да се забележат златни букви и декорација со крст. Станува збор за вредна Библија која има вкупно 34 страници испишани со злато.

Инаку, овој регион во Турција е познат по бројните свети христијански локации, а турските власти веќе подолго време настојуваат да ги сузбијат обидите на криумчарење на древни артефакти. Бидејќи оваа земја има околу 3.000 древни градови кои се останати од 42-те цивилизации кои постоеле тука, и затоа таа постојано се потпира на богатото историско наследство во обидите да привлече милиони туристи секоја година.


Како што е познато, во Истанбул е лоцирана Аја Софија која илјада години беше христијанска црква, а потоа пола миленум џамија, за денес да е еден од најпознатите музеи. Турците, по освојувањето на Цариград во 1453 година, ја претвораат во џамија, а од 1935 година станува еден од најпосетените музеи на светот.

Што се однесува до вакви слични ретки откритија, минатата година голема возбуда меѓу археолозите предизвика прстенот кој датира од пред 2.000 години, откако било утврдено дека на него пишува “Пилатус” со грчки букви.

Инаку, престенот бил само еден од многуте артефакти откриени за време на ископувањата на гробот на Ирод пред 50 години, но натписот само од неодамна е дешифриран благодарение на употребата на нова напредна фотографска технологија. Самиот натпис на прстенот доведе до шпекулации дека тој би можел да припаѓа на Понтиј Пилат, римскиот управител на Јудеја, кој во историјата влегол како човек кој го судел Исус.

Професорот Дени Шварц изјави дека името Пилатус во тоа време не било многу вообичаено. “Не знам за кој било друг Пилатус од тој период, а прстенот покажува дека му припаѓал на личност со сатус и богатство”, изјавил тој.

Рои Порат, коавторот на извештајот за престенот објавен во Израелскиот истражувачки весник, пак, изјави дека: “Во пракса имаме прстен испишан со името Пилат и го поврзуваме со личноста која ни е позната”.